Охрид без проблем против Вардар Јуниор, Радовиш го шокираше Пелистер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ракометарите на Охрид со победа ја стартуваа сезоната во Суперлигата. Избраниците на Горан Андновски без поголеми проблеми го совладаа вториот тим на Вардар со 30:22.

Во ниту еден момент од натпреварот победата на охриѓани не беше доведена во прашање. Уште на стартот домаќините направија серија од 10:3, а до полувремето разликата беше цели девет голови (18:9).

Во второто полувреме тренерот Андоновски шанса им даде на своите млади играчи Мартин Ивановски, Наум Костов, Даниел Андоновски и Николче Ристески, а Ивановски и Костов постигнаа по еден гол. Најефикасен во таборот на Охрид беше Блажески со 12 погодоци.

На крајот резултатот беше 30:22 во корист на домашната екипа.

Пролет и Борец одиграа фантастичен натпревар во Скопје. Натпреварот беше израмнет во текот на сите 60 минути, а на крајот домашниот тим спасуваше бод.

Радовиш го приреди најголемото изненадување во првото коло од ракометната Суперлига. Радовишани на домашен терен, во преполната сала го совладаа фаворизираниот противник Пелистер.

Битолчани водеа во текот на целиот натпревар, но во последните пет минути домашниот тим направи неверојатен пресврт и на крај се радуваа на голема победа на стартот од шампионатот. Резултатот по 60 минути на семафорот гласеше 25:24 во корист на Радовиш.

Избраниците на Стевче Алушовски немаа решение за извонредниот Мајиќ кој натпреварот го заврши со 11 постигнати погодоци.