Дибала со Хет-Трик го потопи тимот на Сасуоло (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

Паоло Дибала го постигна својот втор хет-трик сезонава, во денешната победа на Јувентус над Сасуоло од 3-1.

Денешниот настап беше јубилејен 100-ти за аргентинскиот фудбалер, кој што го одбележа со три погодоци во мражата на домашниот тим Сасуоло.

„Бјанконерите“, продолжуваат со својот 100% учинок оваа сезона во Серија А, откако и денеска беа подобри од својот противиник.

Првиот гол го постигна со левата нога, шутираше неодбранливо од работ на шеснаесетникот, вториот беше во стил на Роналдињо, а третиот од слободен удар.

Сасуоло успеа да постине почесен гол, по грешката на Стефан Лиштајнер.

Дибала оваа сезона има постигнато осум погодоци на чечетири натпревари.