Калиниќ со деби голови за Милан, Наполи го растури Бенвенто


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Никола Калиниќ беше креатор на победата на Милан над Удинезе со 2:1. Хрватскиот интернационалец ги постигна двата гола на натпреварот, а тоа воедно беа и неговите први голови во дреост на својот нов клуб.

Калиниќ го отвори резултатот во 22. минута, а Лазања го изедначи во 28. минута. Сепак радоста на гостите не траеше долго затоа што Хрватот во 31 минута го постави конечниот резултат.

Наполи со 6:0 славеше против Бенвенто со головите на Алан, Инсиње, Мертенс и Калјехон. Белгискиот интернационалец во дресот на Наполи на овој натпревар запиша хет трик.

Торино и Сампдорија ги поделија бодовите (2:2), додека Каљари славеше на гостувањето кај Спал со 2:0.