Видео: Ристовски со петта најубава одбрана во Лигата на Шампионите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата, Борко Ристовски имаше извонреден настап во дресот на Барселона во првото коло од Лигата на Шампионите.

Во дерби натпреварот помеѓу Рајн Некар Левен и Барселона, двете екипи ги поделија бодовите, а еден од најзаслужните што Шпанците дома се враќаат со реми е токму нашиот Борко кој имаше 16 успешни интервенции зад своето име.

Една од тие интервенции се најде во изборот на ЕХФ за најдобри одбрани во првото коло од Лигата на шампионите.

На следниот ЛИНК може да ги погледнете најдобрите пет одбрани во првото коло во најелитното европско ракометно натпреварување.