Ерера ќе го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера ќе го продолжи својот договор со Манчестер Јунајтед и ќе потпише повеќегодишна соработка со англискиот тим.

Разговорите меѓу претставници на Ерера и челните лица на Јунајтед треба да се случат пред месец декември.

Манчестер Јунајтед има право да ја активира дополнителната една година од договорот потпишан пред четири години, но се шпекулира дека ќе му биде понуден повеќегодишен договор.

Актуелниот договор на Андер Ерера со Манчестер Јунајтед истекува следното лето.