Карвахал останува со „Кралевите“ до 2022 година


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По продолжувањето на договорите со Иско и Марсело, од Реал Мадрид го продолжија договорот со уште еден стандарден фудаблер, Дани Карвахал.

Карвахал потпиша петгодишен договор и ќе остане на „Сантијаго Бернабе“ до 2022 година.

„Не можам да бидам посреќен, ова е уште еден ден кој ќе го запаметам во животот по продолжувањето на договорот со клубот кој значи се за мене“- коментираше Карвахал по продолжувањето на соработката со Реал Мадрид.

Карвахал во минатото имаше проблеми со минутажата во тимот и беше на излезни врати од Реал Мадрид. Како негова замена беше донесен Данило, но шпанскиот интернационалец остана фокусиран и се врати посилен од кога било и сега е незаменлива алка во европскиот шампион.