Тотенхем заинтересиран за Тосун


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од редовите на Тотенхем планираат во своите редови да го донесат фудбалерот на Бешикташ, Ченк Тосун.

Напаѓачот имаше одлична сезона минатата година во која постигна дури 27 голови за турскиот клуб, а во новата сезона веќе има постигнато три гола на пат натпревари.

Тосун треба да го засили тимот на Маурисио Покетино ова лето и ќе биде донесен како опција плус во нападот покрај Хари Кејн. Претходната аквизиција на клубот, Винсент Јансен се покажа како тотално промашување па веројатно Холанѓанецот ќе го напушти Тотенхем во јануари со што ќе ослободи место за Тосун.

Тотенхем ќе понуди сума од околу 20 милиони евра за услугите на Тосун.