Милан од утре со нова формација!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Виченцо Монтела спрема нова формација за Милан која најверојатно ќе ја тестира уште утре против Спал.

Монтела бара формација уште од почетокот на сезоната, а сега најверојатно пристигна до 3-4-2-1 која ќе ја тестира против Спал.

Андре Силва ќе игра напред со помош од Чалханоглу и Сусо позади него, крилните позиции паѓаат на Родригез односно Абате на десно.

Мусачо, Бонучи и Ромањоли би ја составувале одбраната а во средниот ред ќе бидат Кеси и Биља, со секако на голот Џанлуиџи Донарума.

Ќе проба Монтела и со оваа формација, па доколку се покаже како успешна тактика би можела да се користи и понатаму, барем додека не се вратат играчи поединци како Конти и Антонели.