Драгиќ доби специјален подарок и не можеше да ги задржи солзите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најдобриот играч на Европското првенство во кошарка, Горан Драгиќ доби специјален подарок од мајката на легендарниот Дражен Петровиќ, Бисерка и заплака пред телевизиските камери во Љубљана.

Бисерка Петровиќ по победата на Евробаскетот ги замолила новинарите на Планет ТВ на Драгиќ да му го предадат дресот од Њу Џерси кој го носеше нејзиниот син Дражен.

Драгиќ ја водеше својата репрезентација до историски успех, а колку го погоди гестот на мајката  на кошаркарскиот Моцарт говорат и солзите на плејмејкерот на Мајами.

„Големо благодарам. Ова е еден од најубавите подароци кои сум ги добил во животот. Сите знаеме што направи Дражен за југословенската и светската кошарка. Ми беше идол. Ми беше чест да го носам дресот со број 3, дресот кој го носеше легендата на светската кошарка. Нека почива во мир“- коментираше Драгиќ.

Одличниот кошаркар потврди дека овој континентален собир му бил последен и дека не планира повеќе да игра за националниот тим.