Барселона на крилата на Меси до убедлива победа против Еибар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона со тениски 6:1 славеше на домашен терен против тимот на Еибар во рамките од петтото коло во шпанската Ла Лига.

Херој на победата на Каталонците беше Лионел Меси кој постигна четири погодоци, а одлична партија одигра и новиот фудбалер на Барселона, Паулињо. Бразилецот и покрај многуте исмевања и критики кои ги доби по реализацијата на трансферот во Каталонија полека почнува да ги замолчува своите критичари со се подобри игри во дресот на Барселона. Имено, денес покрај голот, Паулињо беше асистент на еден гол, а беше и главен креатор на третиот гол кога го одигра клучниот потег и одлично ја пропушти топката за Меси кој немаше тешка задача, истрча половина терен, шутираше а одбиената топка ја зафати Суарез кој ја затресе мрежата на гостинскиот тим.

Во 20. минута Семедо беше фаулиран во шеснаесетникот, судијата покажа на белата точка, а сигурен егзекутор беше Лионел Меси.  Вториот гол го постигна Палуњо во 38. минута од натпреварот.

На самиот старт на вториот дел Денис Суарез зголеми на 3:0, а потоа на сцена стапи Меси кој со три последователни погодоци го постави конечниот резултат.