Паулињо: Ова е нешто посебно!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилецот Паулињо истакнува дека е среќен од својот почеток во дресот на Барселона.

Паулињо пристигна од Кина и во последните 2 натпревари постигна 2 погодоци што е задоволително за фановите од Каталонија.

„Благодарен сум на животот што ме донесе во Барселона. Овде сум близу до големи фудбалери, што ме прави многу среќен и импресиониран сум од тоа како ме прифатија и како ми помагаат секој ден“ – вели Паулињо

„Да се игра веднаш до Меси е голема чест и нешто многу посебно, тоа е најдобриот играч на светот“ 

„Најдобар начин на сите да се заблагодарам е да продолжиме да играме добро“ – додаде Паулињо