Реал Мадрид шокиран од Бетис


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид претрпе пораз од Бетис со голот на Антонио Санабрија во 94. минута од натпреварот.

„Кралскиот клуб“ по овој натпревар веќе заостанува седум бодови зад водечката Барселона која има максимални 15 бода.

Ова е трет пат во клупската историја Реал Мадрид да не победи во првите три домашни натпревари од шпанската Ла Лига. Пред Бетис избраниците на Зидан киксираа и против Валенсија и против Леванте,  и двата натпревари завршија без победник.

Актуелниот шампион на Шпанија доминираше во текот на целата средба, но не успеа да го пројаде патот до мрежата. Јунак на натпреварот беше голманот на Бетис, Адан кој имаше неколку фантастични одбрани.