Ова се играчите номинирани за „The BEST“ наградата на ФИФА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ФИФА втора година по ред ќе го додели признанието за најдобар фудбалер на светот. Вакво признание доделува и „Франс  Фудбал“ и треба да се каже дека овие две награди се независни една од друга.

Минатата година најдобар беше Кристијано Роналдо, а Португалецот и оваа година е меѓу номинираните кандидати.

Покрај Роналдо тука се и Лионел Меси од Барселона, како и најскапиот фудбалер во историјата, Нејмар.

И оваа година најголем фаворит за освојувањето на наградата е Кристијано Роналдо.