Видовте ли што играчот на Лајпциг му купи на својот агент?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Емил Форсберг не штедеше кога во прашање е неговиот агент, Хасан Четинкај.

Пред да дојде во Германија, Емил играше во Шведска а најзаслужен за неговото играње на ова ниво е никој друг освен Хасан Четинкај.

„Ме доведе од мало градче од Шведска овде и вечно ќе бидам благодарен на тоа“ – вели Форсберг и како знак благодарност му купи и подари Ферари на својот агент.

Четинкај овој поклон го одби на почетокот, но на крај мораше да прифати бидејќи Форсберг му се заканил дека ќе му даде отказ.