Ливерпул славеше во „лудиот“ натпревар против Лестер (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул славеа против екипата на Лестер со резултат од 3:2 на гостувањето на „Кинг Пауер“ стадионот.

Во „луд“ натпревар Ливерпул два пати имаше по два гола предност, со погодоците на Салах, Кутињо и Хендерсон, но Лестер се враќаше преку Оказаки и Варди. Англискиот репрезентативец на крајот беше и трагичар затоа што не искористи удар од белата точка за израмнување на резултатот.

Најдобар играч на Ливерпул на овој натпревар беше Фелипе Кутињо кој полека се враќа во посакуваната форма.