Видео: Мајсторски гол на Мишевски против Шкендија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Скопје, Филип Мишевски постигна фантастичен гол на првенствениот натпревар против Шкендија.

Скопје во Автокоманда ја пречека тетовска Шкендија, а на полувреме се замина со резултат 1:1.

Мишевски во 20. минута од натпреварот го отвори резултатот откако мајсторски изведе слободен удар од околу 25 метри.

Резултатот го изедначи Бесарт Ибраими во 39. минута по еден пробив во шеснаесетникот на Скопје.