Бубоња нов тренер на Победа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Црногорскиот стратег Славољуб Бубоња ќе биде нов предводник на екипата на Победа.

50 годишниот тренер ќе биде наследник на Штерјовски кој пред неколку дена си даде оставка, а во Победа доаѓа од редовите на Морнар од Бар.

Славољуб Бубоња својот најголем тренерски успех го има со клубот Челик од Никшиќ со кој во 2012 година го освоил Купот на Црна гора, а истата година е прогласен и за најдобар тренер во Црна Гора.

Покрај во Челик, Бубоња работел и во Јединство и Младост.