Ангеловски го објави списокот за Италија и Лихтенштајн, се враќа Адеми


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на сениорската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот со повикани играчи за претстојните натпревари против Италија (6. октомври) и Лихтенштајн (9 октомври).

Против Италијаните играме на гостински терен во Торино, додека Лихтенштајн ќе го пречекаме во Струмица.

Во списокот како што се очекуваше го има Аријан Адеми кој се враќа во репрезентацијата по двегодишна пауза,  додека пак останатите играчи се истите оние кои го понесоа товарот на натпреварите против Израел и Албанија.

Јавноста ги очекуваше и Марко Симоновски и Адис Јаховиќ кои играат во извонредна форма во своите клубови, меѓутоа тие не добија повик за последните натпревари во квалификациите за Светското првенство што ќе се одржи во Русија.