Одлични настапи за македонските каратисти во Турција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонските каратисти кои настапија на најпрестижниот турнир од серија А на Премиер Карате Лигата во Истанбул со одлични резултати ги завршија своите настапи.

Симона Заборска (-55 кг) од Макпетрол покажа најмногу од нашите натпреварувачи кои настапија во Турција. Заборска забележа четири победи (3+1 репасаж), а беше поразена од Сабина Захарова од Казахстан која со пласманот во финалето и овозможи да настапи во репасажот.

Најнапред Симона ја победи Турската натпреварувачка Нур Рунар со 5-0во второто коло беше поуспешна од Папа Александра од Грција и ја совлада со 3-1, во третото коло победи со Романката Парау Лорена со резултат 4-0, извонредната серија ја прекрати во четвртото коло со Казахстанката Сабина Закирова загуби со 0-4, потоа Сибинова влезе во финалето а Симона првата борба во репасажот ја победи Ива Клепич од Босна и Херцеговина со 2-0, а втората, која и овозможуваше борба за медал, ја загуби од Русинката Елизавета Лазарева со 0-4. Во вкупниот пласман Заборска е седма.

Добар настап имаше и младиот „Петар Заборски кој забележадве победи, тој во првото коло извојува победа со Качар Огуз од Турција резултат 4-0, во второто коло го победи светскиот и европскиот првак Габор Харспатаки од Унгарија со резултат 8-0, притоа беше неспортски повреден после судиски „стоп“ и имаше лекарска интервенција на носот и скочниот зглоб. Неспортски и долен потег на светскиот првак, тој неспортски постапи и сите ги изненади со постапката што удираше по командата „стоп“, од немоќ и нервоза. Во третото коло Петар загуби од Иранецот Сајад Хајати, најмногу  поради повредата која ја доби од Унгарецот и не можеше добро да се движи“, изјави тренерот Бошко Заборски!

Исто така и Наташа Стефановска -61 кг,  се истакна со две победи и еден нерешен резултат 1-1, но не помина во наредното четврто коло, поради тоа што противничката прва освои поен. Таа беше елиминирана во третата борба од Швајцарката Нина Раџеновиќ.

Бошко Заборски ја даде следната изјава:- Задоволен сум од настапот на каратистите од Макпетрол.  После овој турнир Симона Заборска, ќе има подобрување на своето бодовно салдо на ранг листат на Светската карате федерација кое се очекува да излезе за неколку дена. И таа заедно со Берат Јакупи,  ќе бидат најверојатно најдобро рангирани Македонски каратисти-ки. Ние во Истанбул,  учествувавме на едно многу квалитетно првенство и слободно може да се каже дека ова беше неофицијално светско првенство. Конкуренцијата беше огромна као никогаш до сега. Само како податок , репрезентацијата на Јапонија допатува со по 4 спортисти во секоја тежинска категорија. Исто така и на Иран и првите 20 рангирани репрезентации,  извршиле масовна мобилизација на целокупните свои потенцијали, и уште во стартот многу сериозно ја сватиле промената која настана од како каратето стана член на Олимписките спортови. Место за импровизации повеќе ќе нема. Сега нормата за Токио 2020, ќе ја остварат само сериозните држави и Федрации, кои нема да се штедат во ниту еден поглед. Ние како Македонија, ја добивме и втората опомена. Пред две недели Берат Јакупи во Лајпциг, беше петто пласиран, сега Симона Заборска во Истанбул е седмо рангирана. Ова ни алармира дека медали тешко ќе се освојуваат и во иднина на овие турнири. Сега останува по две седмици да учествуваме на турнирот во Салзбург, и да ја поправиме бодовната листа во повеќе тежински категории. Треба да се обидеме да влеземе меѓу првите 50 спортисти. Ова е многу важно бидејќи од Јануари 2018 година,  само првите 50 спортисти ќе имаат можност за понатамошна трка за настап во Токио 2020 година. .:-  заврши Заборски

Во Истанбул настапија 1262 натпреварувачи од 89 држави, односно од 293 клубови сите во сениорска конкуренција.

Македонската карате експедиција за ова коло од Карате 1 Премиер лигата во Истанбул броеше 31 член. Клубовите од Македонија,  настапија со следните потенцијали: Металург настапи со 10 каратисти, Макпетрол со 7, Штип, Цветан, Димов и Олимпик спорт со 2, Кеикс, Вардар, Асиарт, Ботони, Спорт 94, Фати, Македонка и Ронин по 1.