Спалети: Интер мора да биде убедлив, но…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Тренерот на Интер, Лусијано Спалети, верува дека неговиот тим требаше да покаже многу повеќе во победата над Џенова од 1-0, но сепак е задоволен од вербата на своите соиграчи кој што во последните минути од натпреварот го постигнаа одлучувачкиот гол.

Тоа беше петта победа во шестте досега одиграни натпревари во Италијанската Серија А, за Интер, со новите тешко освоени три бода тие се зацврстија на третото место од лигашката табела. Спалети изјави дека е задоволен со резултатот и трите бода, но јасно стави на знаење дека овој тим на Интер треба уште многу да работи за да го достгине својот полн потенцијал.

„Тие беа добри, покриваа добро и не затвараа на сите позиции“ – изјави Спалети за Џенова.

„Задоволен сум од трите бода, задоволен сум од желбата на моите играчи да стигнат до победата, но има уште многу работа пред нас, верувам дека овој тим има што да покаже“.

„Кога го внесов Амброзио во игра му реков да биде внимателен на нивните контра напади, но тој постигна гол. Ќе му дадам поголема слобода на следниот натпревар.“ – Заврши Спалети.