Арсенал го победи Вест Бромвич: Ремзи верува дека овој тим може до титулата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Тимот на Арсенал, пред некое време, доживеа дебакл кај Ливерпул и загуби со 4:0, но од тогаш избраниците на Венгер, како да не се истиот тим, а синоќа настрада и ВБА на „Емирати“ стадионот.

Еден од најдобрите поединци на теренот во победата на Арсена од 2:0 над ВБА, беше Арон Ремзи кој по натпреварот за СКај СПортс изјави:

„Сакаме да бидеме непобедливи на нашиот стадион оваа сезона, оваа е веќе трета домашна победа и верувам дека овој тим е способен да го направи „Емирати“ стадионот неосвоива тврдина.“

„Топчиите“ бавн го започнаа натпреварот, момците на Тони Пјуис дури и ја погодија стативата, но само неколку минути потоа Лаказет, донесе радост за 1:0.

Францускиот интернационалец беше одличен на овој натпревар, а во вториот дел со својот втор погодок, ја зголеми предноста на 2:0, откако прецизно стрелаше од пенал.

„Оваа беше фантастичен натпревар, тимот на ВБА секогаш е незгоден и добро организиран, сите во клубот се задоволни од освоените три поени“. – заврши Рамзи.