Нови договори за играчите на Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед на одличен начин ја отворија новата сезона и се уште се без пораз во Премиер Лигата.

Двајца од фудбалерите кои се истакнаа на почетокот се Маркус Рашфорд и Маруан Фелаини. И двајцата пред јануарскиот трансфер период ќе треба да потпишат нови договори со клубот.

Моменталниот договор на Фелаини со клубот истекува во 2018 година, додека Рашфрод е обврзан на верност до 2020 година.

Покрај овие двајца, нов договор ќе добие и Андер Ерера играчот кој на почетокот на сезоната падна во сенка на одличните Матиќ и Фелаини.