Започна продажбата на билетите за Лихтенштајн и Србија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денеска започна продажбата на билетите за натпреварите на најдобрата селекција на Македонија која игра против Лихтенштајн, како и за младата селекција која на 6.октомври ја пречекува Србија.

А репрезентацијата на 9. октомври на стадионот „Младост“ во Струмица ќе биде домаќин на Лихтенштајн. Влезниците за овој натпревар се по цена од 100 и 200 денари.

Влезниците за младата репрезентација на Македонија која домашниот натпревар ќе го игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе бидат по цена од 150 денари.