Дракслер се сели во ЛА Лига


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јулиан Дракслер би можел следното лето да се пресели во редовите на Реал Мадрид.

Како што пишува „Дон Балон“, Зинедин Зидан го посакува во своите редови германскиот репрезентативец и ќе се обиде да го потпише за следната сезона.

Дракслер падна во втор план по доаѓањето на Мбапе и Нејмар, а од ПСЖ мора да се ослободат од поскапо платените играчи со цел да го исполнат финансискиот фер плеј.

Реал Мадрид тргна слабо во оваа кампања во Ла Лига, па се очекува значително да го засилат составот во следните два преодни рока.