Милевски го објави списокот за дуелите со Србија и Гибралтар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По успешниот старт на квалификациите за Европското Првенство што во 2019 година ќе се одржи во Италија и победата против Ерменија на ред се натпреварите против Србија и Гибралтар.

Македонија најпрво на 6. октомври ја пречекува Србија на тренинг центарот „Петар Милошевски“, а четири дена подоцна ќе гостува на Гибралтар.

На списокот на повикани играчи се Елиф Елмаз и Никола Ѓорѓев кои ќе бидат во комбинација само за дуелот со Србија, а потоа ќе бидат префрлени во А репрезентацијата.

За прв пат повик добива и голманот Душан Ѓорѓев кој настапува во Оклахома од САД.