Најнголан е замената за Керик?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо е сериозно заинтересиран во своите редови да го донесе играчот на Рома, Раџа Најнголан.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед во повеќе наврати испраќал скаути во живо да ја проследат играта на Белгиецот, а последен пат тоа се случило на 12 септември на натпреварот кој Рома го одигра со Атлетико Мадрид.

Португалскиот стратег во 29 годишниот играч гледа идеална замена за Мајкл Керик кој веројатно ја игра последната сезона на „Олд Трафорд“.