Евертон уште чека на првиот триумф, нерешено и во Лион!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Евертон повторно не славеше, овојпат против Аполон од Кипар.

Аполон поведе со погодокот на Адриан, но Вејн Руни во првото полувреме израмни на 1:1, потоа Власиќ доведе водство од 2:1 на Евертон, но во финишот Јусте постигна погодок за израмнување и бод за Аполон со играч помалку бидејќи Роберге доби директен црвен непосредно пред постигнувањето на голот.

Во Лион, Лион и Аталанта ремизираа со 1:1, домаќините поведоа во финишот на првиот дел со гол на Траоре, но италијанското изненадување во Европа преку Гомез во 60тата минута постигнаа погодок и останаа непоразени во ЕЛ.