Ова се петте можни наследници на Анчелоти


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Карло Анчелоти по само шест одиграни натпревари во Бундеслигата оваа сезона го напушти Баерн Минхен, а од клубот веќе работат на доведувањето на негова замена.

Вили Сањол ќе биде привремен менаџер, но се очекува да биде заменет по натпреварот со Фрајбург кој Баерн ќе го игра на средината на октомври.

Ова се петте кандидати кои се можни наследници на Анчелоти…

Томас Тухел

Тухел е првото име кое се споменува со испразнетото тренерско столче во Баерн Минхен. Германецот моментално е без  ангажман што го става на врвот на листата желби. Стилот на Тухел им одговара на „Баварците“, а за него пофални зборови доаѓаат од сите страни, па дури и од поранешниот тренер на Баерн, Пеп Гвардила.

Сепак, ангажирањето на 44 годишниот тренер би претставувал своевиден ризик затоа што и покрај добрите тактички подготовки на играчите, често знае да влезе во клинч со своите играчи. Таков беше случајот со актуелниот играч на Баерн, Матс Хумелс кој не беше премногу несреќен кога го напушти Дортмунд во 2016 година.

Јулијан Нагелсман

Иако Нагелсман е под договор со Хофенхајм до 2021 година лесно може да се случи младиот стручњак да го преземе кормилото на Баерн Минхен. Сепак, речиси минимални се шансите Нагелсман да ги преземе „Баварците“ во овој момент, па затоа постои можност тој да седне на клупата од следното лето, а до тогаш вршител на должноста да биде Јуп Хејнкес.

Јуп Хејкенс

Малку е веројатно, но се шпекулира дека искусниот стратег би можел да се врати од пензија и да го предводи Баерн Минхен до следното лето кога на клупата би седнал Нагелсман.

72 годишниот стратег е еден од најуспешните во историјата на баварскиот клуб и фановите со сигурност би ја посакувале опцијата Хејкенс- Нагелсман како долгорочно решение за клубот.

Јирген Клоп

Најголемо изненадување на списокот е поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп. Германецот со голем успех ги водеше „Милионерите“ а од пред речиси една година е тренер во Ливерпул. Клоп го подигна Ливерпул на повисоко ниво, но се уште е далеку од резултат па по серијата лоши резултати во Европа и Премиер Лигата позицијата на Клоп на „Енфилд“ и не е толку сигурна.

Мемет Шол/ Херман Герланд

Последна варијанта е доаѓањето на две имиња на клупата на Баерн. Имено, постои можност тренер да биде Мемет Шол, а негов асистент да му биде Херман Герланд. Герланд моментално работи во академијата на клубот, но би бил прекомандуван во првиот тим како помош за Мемет Шол.