Јувентус го доби новиот Погба


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Родриго Бентанкур ги изненади сите фудбалски стручњаци со игрите во дресот на Јувентус. Од таборот на „Старата дама“ планираа Уругваецот кој пристигна од Бока Јуниорс да го испратат на позајмица, но по одличните настапи на летните подготовки одлучено е младиот играч да остане.

Благодарение на повредите Бентанкур доби шанса во првиот тим, брзо стана миленик на фановите и сега многу често е во почетната постава на тимот. Многумина имаа против кога Јувентус ко откупи неговиот договор од Бока затоа што Бентанкур зазема место на странец во тимот и поради тоа клубот не беше во можност да ангажира поголемо странско засилување.

Сепак сега испадна дека трансферот на младиот фудбалер од средниот ред е полн погодок.

„Знаеме дека многу зборуваа дека по шест месеци тој ќе се врати во Бока, но луѓето како да не го следат фудбалот овде. Родриго Бентанкур е еден од најталентираните играчи на светото, тој игра со зрелост на некој од 30 години. Има се, погледнете го колку дуели добива, колкав простор покрива, почекајте да се навикне и да почне да постигнува голови. Тој е новиот Погба“- истакна Гиљермо Барос Скелото, тренерот на Бока Јуниорс кој го тренираше играчот дури тој настапуваше на „Бомобниера“.