БИЛД: Баерн го избра наследникот на Анчелоти


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдтиражните  германски медиуми, „Билд“ објави фотографија на која се гледа како Томас Тухел фаќа лет кон Минхен.

Наводно, поранешниот тренер на Борусија Дортмунд ги договорил сите детали со Баварците откако телефонски се слушнал со Карл Хајнц Румениге.

Медиумите веќе шпекулираат со измените кои ќе ги направи Тухел во таборот на Баерн Минхен. Прва измена ќе биде младиот голман Кристијан Фрухтл кој ќе биде втор голман на клубот веднаш по Мануел Ноер.

Од друга страна, Карло Анчелоти иако се поврзуваше со клупата на Милан сепак веројатно ќе го предводи тимот на Гвангжу, додека во Милан би требало да пристигне Марчело Липи.