Тотенхем убедлив против Хадерсфилд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Тотенхем забележа убедлива победа од 4:0 против новиот премиерлигаш, Хадерсфилд.

Повторно во тимот на Тотенхем блескаше првата ѕвезда, Хари Кејн кој на третото едноподруго гостување во Премиер Лигата постигнува по два гола.

Со двата постигнати погодоци на овој натпревар Кејн се изедначи со Кристијано Роналдо по бројот на постигнати голови (84) во Премиер Лигата.

Фудбалерите на Хадерсфилд на вообичаен начин со висок пресинг се обидоа да се надигруваат со Тотенхем но тоа се покажа како погрешна опција на Давид Вагнер.

Стрелци на головите за Тотенхем покрај Кејн беа Бен Дејвис и Мухамед Сисоко.