Манчестер Јунајтед броеше до четири, Вест Хем минимално со Свонси


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед без поголем проблем славеше убедлива победа против Кристал Палас со 4:0.

По само три минути Хуан Мата го отвори резултатот по асистенцијата на Маркус Рашфрод. Потоа Јунајтед имаше неколку зрели прилики, а нов гол дојде во 35. минута кога Фелаини го искористи одличниот центаршут на Јанг и зголеми на 2:0.

По само четири минути во вториот дел Манчестер Јунајтед повторно преку Фелаини зголеми на 3:0, додека конечниот резултат го постави Ромелу Лукаку кој ја затресе мрежата по асистенцијата на Ентони Марсијал.

Вест Хем во последните моменти од натпреварот дојде до значајна победа против тимот на Свонси. Голот кој ќе му даде уште неколкумесечен мандат на Славен Билиќ на кормилото на „Чеканите“ го постигна Диафра Сако во 90. минута.

Од останатите натпревари Бурнемут и Лестер одиграа без голови, Стоук со 2:1 славеше на домашен терен против Саутемптон, додека пак ВБА и Вотфорд одиграа интересен натпревар кој на крај заврши без победник (2:2).

Доколку Манчестер Сити не успее да слави на гостувањето кај Челси, нивниот градски ривал Јунајтед ќе го преземе врвот на табелата.