Евертон поразен, победа на Арсенал!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсенал го совлада Брајтон со 2:0, со погодоците на Монреал во 16та минута и Ијоби во 56тата.

Барнли денеска во Ливерпул го тресна Евертон од земја и продолжува лошата форма на карамелите како во Европа така и во Англија. Погодокот на Хендрик во 21ва минута беше клучен за трета победа на Барнли оваа сезона.

Покрај Евертон денеска киксна и Ливерпул против Њукасл каде што натпреварот заврши нерешно. Ливерпул поведе со еден навистина феноменален гол на Кутињо во 29тата, но после само 5 минути Хоселу постигна гол за изедначување.