Баерн Минхен ремизираше со Херта, победи на Лајпциг и Фрејбург!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Да започнеме од натпреварот каде што имаше најмногу голови и кој започна најрано денеска, Фрејбург – Хофенхајм кој заврши со 3:2 за Фрејбург.

Хак постигна гол за водство на Хофенхајм во 14тата минута, минута подоцна Ниедерлецнер изедначи, а во 17тата Сојунку погоди за водство на Фрејбург од 2:1. Хофенхајм продолжи да се бори, имаше цврста игра но недоволна, 87ма минута, Штензел, 3:1 за Фрејбург и пораз сигурен за Хофенхајм. Шустер си постигна автогол во судиското надополнување за намалување на водството од 3:2.

Баерн имаше водство од 0:2 но небитно кога заминаа со бод. Хумелс во 10тата и Левандовски во 48мата стрелаа за водството но брзо стигна казна за Баварците кога во 51вата погоди Дуда, а неколку минути подоцна и Калу за изедначување.

Лајпциг славеше во Келн со 2:1. Во 30тата минута погоди Клостерман, а Поулсен во 80тата. Сепак Келн не издржа а да не постигне погодок, но многу доцна се вклучија домаќините, дури во 82 кога погоди Осако.