Вардар лесно против ППД Загреб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар и по третото коло во групата А од Лигата на Шампионите останува со максимален број бодови по победата над ППД Загреб со 28:21.

Победата над хрватскиот претставник е осма по ред за „црвено црните“ во најелитното натпреварување и претставува нов клупски рекорд по број на победи во серија во Лигата на шампионите.

Хрватите играа рамноправен ракомет само до 14. минута кога резултатот беше 4:4. Тогаш Канељас погоди за 5:4 и од тој момент почна да работи машинеријата на Вардар. На одмор се замина со предност за Вардар од три гола (13:10).

Во вториот дел вардарци водени од одличната одбрана ја најавија убедливата победа во СЦ „Јане Сандански“. Загреб цели 11 минути немаше постигнато погодок, а тоа Вардар го искористи и стигна до позитива од шест гола.

До крајот на средбата „плинарите“ не успеаја да го загрозат резултатот и Вардар со тоа ја прокнижи својата трета победа по првите три кола. Во следното коло избраниците на Раул Гонзалез гостуваат кај Пик Сегед во Унгарија.