Јаховиќ доби дополнителен повик во репрезентацијата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски упати дополнителен повик до напаѓачот на Гезтепе, Адис Јаховиќ.

Јаховиќ игра во фантастична форма во турскиот шампионат и по седум кола го дели врвот на листата на стрелците со искусните Бафетимби Гоми, Вагнер Лав и Бурак Јилмаз. Тројцата фудбалери имаат постигнато по седум погодоци.

Адис Јаховиќ веднаш ќе се стави на располагање и ќе се приклучи на репрезентативците на денешниот тренинг во 18:00 часот кој ќе се одржи на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Инаку поради повреда од репрезентацијата отпадна играчот на Вардар, Бобан Николов.