КАКОВ ШОК БИ БИЛО ОВА: Ѕвездата на Арсенал преговара со Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веќе кон крајот на минатата сезона се појавија шпекулации околу можните заминувања на најдобрите играчи на Арсенал.

Навивачите и понатаму ги интересира што ќе се случи со најголемите ѕвезди во тимот, Месут Озил и Алексис Санчез, бидејќи нивните договори со Топџиите не се продолжени.

Неодамна се појави информација дека Озил би можел да го напушти Арсенал веќе оваа зима, а германскиот репрезентативец се поврзува со повеќе екипи, од Шалке и Вердер, до Интер и Фенербахче.

Но, според новинарот на El Confidencial, Кике Марин, Озил преговара со Манчестер Јунајтед и дека веќе двете страни се близу до договор.

Според негови тврдења, тренерот на Црвените Ѓаволи, Мурињо, смета декеа може да го извлече најдоброто од играчот на Арсенал.