Уште една забрана за Погба во Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повредата на Пол Погба створи уште поголеми проблеми за Хосе Мурињо во следниот период.

Голема е веројатноста дека Погба ќе пропушти добар дел од сезоната поради повредата на задната ложа, а негово враќање се очекува дури во декември.

Погба од својот клуб доби наредба да отпатува на годишен одмор и да се посвети на потполно опоравување од повредата.

Тој отиде во САД каде што продолжи со опоравувањето, а од клубот доби и предупредување. Додека е во тимот од Олд Трафорд, не смее да игра кошарка.

Одлучено е да му се забрана играње на овој спорт поради честите проблеми со задната ложа и се верува дека во иднина Погба ќе биде поотпорен на оваа повреда доколку го исфрли овој спорт од своите активности.

Во текот на летото многу често можевме да го видиме него на кошаркарските терени.