Готово е: Баерн го знае наследникот на Анчелоти


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што објавува најеминентниот спортски медиум, „Скај Спортс“ Јуп Хејнкес ќе биде новиот предводник на Баерн Минхен.

Искусниот стратег кој е во пензија ќе ја преземе клупата на „Баварците“ до следното лето кога од клубот ќе назначат нов предводник.

„Скај Спортс“ наведува дека договорот ќе биде потпишан во следните неколку дена и ќе биде со важност до крајот на сезоната, а потоа на клупата ќе седне тренер кој подолго време ќе остане во таборот на актуелниот шампион на Германија.

Главен фаворит за тренер на Баерн Минхен од следната сезона е Јулијан Нагелсман, актуелниот предводник на Хофенхајм.