Реми на македонските надежи со Словачка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија до 17 години одигра херојско реми против репрезентацијата на Словачка.

Натпреварот кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ заврши без голови. Речиси целиот натпревар нашата репрезентација го одигра со играч помалку откако во 9.минута директен црвен картон доби Тошевски.

Одличен на голот на репрезентацијата беше Матеј Андов кој забележа четири фантастични одбрани и ја зачува својата мрежа недопрена.

Надежите се уште имаат шанси да се пласираат во втората фаза од циклусот за Европското првенство но за тоа да се оствари ќе треба да ја добиеме Молдавија, а да има победник на дуелот помеѓу Словачка и БиХ.