Буфон против Македонија во дрес што никој не го носел


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Голманот на италијанската репрезентација Џанлуиџи Буфон денес ќе има посебно дизајниран дрес.

Фудбалскиот сојуз на Италија сакаше да направи нешто ново на дуелот против нашата репрезентација, па Буфон ќе се појави во дрес кој децении наназад го носат фудбалерите на теренот.

„Вакво нешто не е видено досега во фудбалот. Одлучивме Пума да направи дрес со цел да ги оживееме спомените за славната историја на нашиот фудбал“, соопштија од ФС на Италија.

Буфон ќе ја има честа против нашата репрезентација, а комплетно тимот во овие дресови ќе се појави во дуелот против Албанија на 9. октомври.

Секако, тогаш поради правилата Буфон ќе мора да ја промени бојата на дресот.