Официјално: Хејнкес нов предводник на Баерн


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн Минхен го назначи Јуп Хејнкес за нов предводник на тимот. 72 годишниот стратег ќе го наследи Анчелоти, а на клупата на „Баварците“ претходно седел во три наврати.

Најголемите успеси ги постигна во 2013 година со клубот ја освои Лигата на шампионите, домашниот куп и националното првенство.

„Не би се вратил во никој клуб на светот, но Баерн е вистинска љубов за мене. Со мојот менаџерски тим сега ќе работиме да го вратиме успешниот фудбал за фановите повторно. Со нетрпение го очекувам тоа поглавје“- коментираше Хејнкес.

Хејнкес ќе го преземе клубот од понеделник и ќе има актуелен договор до 30 јуни, 2018 година.