Ангеловски со Пандев, Несторовски и Хасани ја напаѓа Италија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нешто повеќе од еден час пред почетокот на натпреварот Италија- Македонија кој се игра на стадионот во Торино познати се составите на двете репрезентации.

Во нашиот состав нема некои поголеми изненадувања, а домашниот тим ќе го напаѓаме со искусните Пандев, Несторовски и Хасани.

На голот на нашата репрезентација е Столе Димитриевски, во одбраната младите Муслиу, Велковски и Ристовски, Радески и Алиоски ќе дејствуваат по страничните страни во средниот ред, а во срцето на одбраната ќе бидат Барди и Спировски.

Италија:
Буфон, Барзаљи, Бонучи, Кјелини, Запакоста, Дармијан, Гаљардини, Пароло, Верди, Инсиње, Имобиле

Македонија:
Димитриевски, Ристовски, Муслиу, Велковски, Алиоски, Барди, Спировски, Хасани, Радески, Пандев, Несторовски