Ѕвездата на Тотенхем потпишува нов договор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најдобрите млади играчи во светот, Деле Али ќе потпише нов многу побогат договор кој ќе го задржи играчот во Лондон и ќе го натера да ги одбие понудите што ќе стигнат на негова адреса.

Младиот фудбалер во септември минатата година потпиша нов шестгодишен договор со клубот, но по сериозниот интерес од Реал Мадрид „петлите“ се подготвени уште повеќе да го одврзат ќесето и значително да ја зголемат неговата плата.

По доаѓањето од МК Донс, Деле Али брзо стана миленик на навивачите со одличните игри во дресот на Тотенхем, а го привлече вниманието и на светската фудбалска јавност. Талентираниот фудбалер е редовен член на англиската репрезентација која завчера и официјално го завери пласманот на Светското првенство кое во 2018 ќе се игра во Русија.