Вилијамс ќе го тестира Кубица


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


32 годишниот Полјак се нема натпреварувано во Формула 1 уште од 2011 година кога заработи тешки повреди на десната рака во несреќа која се случи на рели трка.

Роберт Кубица за време на летото ги тестираше болидите на Рено, но соработката со овој тим не е продолжена.

Како што пренесува ББС, од таборот на Вилијамс се во потрага по замена на Фелипе Маса кој од следната сезона дефинитивно оди во пензија, па така ќе го тестираат Роберт Кубица на неколку патеки. Покрај Кубица тест возења ќе има и Пол Ди Реста кој е резервен возач во тимот на Вилијамс.

Полјакот своите тест возења ќе ги изврши на Силверстоун по трката во Јапонија, а целосна проценка од Вилијамс ќе донесат по тестирањата на Хунгароринг во Унгарија.