Реал го посакува Куртоа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид планира во своите редови да го донесе Тибо Куртоа од редовите на Челси.

„Кралевите“ веќе подолго време се во потрага по топ голман иако во своите редови го имаат Кејлор Навас кој бележи сосема солидни партии за клубот.

Белгискиот чувар на мрежата се уште не го има продолжено договорот со Челси кој му истекува во летото 2019 година.

Според „Марка“ Реал веќе нема да притиска за трансферот на Давид Де Геа од Манчестер Јунајтед кого го следат цели три години.