Хамилтон се поблиску до шампионската титула, нова катастрофа на Фетел


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Луис Хамилтон трет пат во кариерата славеше на легендарната патека „Сузука“ запишувајќи ја осмата победа во сезоната, вкупно 61 во кариерата.

Втор на целта стигна возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, додека пак подиумот го комплетираше неговиот сонародник, Даниел Рикардо.

Себастијан Фетел не успеа да ја заврши трката затоа што многу брзо по стартот поради дефект на болидот се повлече во гаражата и со тоа ги сведи на минимум шансите за освојување на титулата во генералниот пласман во Формула 1.

Доколку Луис Хамилтон слави на трката во САД која на програмата е за две недели и математички ќе ја обезбеди титулата во натпреварувањето.