АВ Охрид и Блокотехна фуриозно започнаа во новата сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на АВ Охрид и Блокотехна фуриозно ја започнаа новата сезона во Првата лига славејќи убедливи победи над Струмица односно Кожув.

Новиот прволигаш Блокотехна уште на стартот ги најавува високите амбиции по високата победа на гостувањето кај Кожув со 99:56. Гостинскиот тим играше одлично во текот на целиот натпревар,а високата предност ја стекна во втората четвртина која ја доби со 21 поен разлика (14:35), а предноста ја зголеми во последните 10 минути во четвртина која повторно ја доби со двоцифрена разлика (10:23).

Одличен натпревар за Блокотехна одигра Двејн Бенџамин кој заврши со дабл-дабл учинок постигнувајќи 28 поени и притоа забележувајќи 13 скокови. Кај Кожув солиден натпревар одигра Миладин Пековиќ кој запиша 22 поени.

АВ Охирд предводен од Петар Чочороски исто така славеше голема победа (76:90) на гостувањето во Струмица против истоимениот противник.

Охриѓани уште од стартот на натпреварот ја имаа контролата на играта во свои раце, а победата ја најавија во првата четвртина која ја добија со десет поени разлика. Сепак струмичани во втората четвртина резултатски ја намалија разликата и на полувреме се замина со плус пет за гостинскиот тим (44:49). Сепак, избраниците на Петар Чочороски повторно ја презедоа контролата на играта и повторно ја добија со десет поени предност.

Реми Бери имаше одличен натпревар кај охридскиот состав постигнувајќи 35 поени, а солиден беше и Кенет Рос со 21 поен.

Претходно во воведниот натпревар Работнички го совлада Куманово со 91:88.