Ангеловски: Не е важен противникот, важно е како ќе одиграме ние


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски на прес конференцијата пред натпреварот со Лихтенштајн изјави дека очекува од своите играчи да влезат во натпреварот со максимален пристап, исто како што тоа го правеа на претходните натпревари.

„Очекувам фудбалерите да имаат пристап и да влезат во натпреварот како и на изминатите натпревари од квалификациите. Секогаш велам дека  не е важно кој е на спротивната страна, туку како ќе го одиграме натпреварот. Не потценуваме, но ниту преценуваме било кого. Барам да бидеме рамноправен тим против секого, без разлика на противникот во оваа група. Пред нас е меч со противник кого го победивме на нивен терен и не бегаме од фаворитската улога. Ќе барам од моите фудбалери максимално да настапат за да го добиеме овој натпревар“ изјави Ангеловски.

Селекторот ги потврди и отсуствата на Дарко Велковски поради повреда и на Стефан Спировски кој има суспензија поради жолти картони.

„Спировски нема да игра поради жолти картони. Велковски се повреди, можно е формациски да има промени“- заврши Ангеловски.