Блинд го напушта „Олд Трафорд“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дели Блинд се поретко добива шанса за настап во тимот на Манчестер Јунајтед, пред се поради одличните игри на Ешли Јанг на левата бековска позиција.

Холанѓанецот беше стандарден минатата сезона, но имаше многу осцилации во играта, па со тоа ја изгуби довербата кај Жозе Мурињо.

„Калчомеркато“ пишува дека Блинд уште во јануари може да си замине од Манчестер Јунајтед, а како најсериозна опција се споменува тимот на Галатасарај.

Заминувањето на Блинд ќе отвори уште повеќе простор за Матео Дармиан кој исто така не е во прв план кај Португалецот, но и за Лук Шо кој полека се враќа во натпреварувачки ритам по повредата која го оддалечи од терените подолг период.